7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: И во Скопје услови за снег, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност. Во вечерните часови, и во текот на ноќта ќе има зголемување на облачноста и ќе има локално провејување на снег, особено во северните и во североисточните предели. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж Повардарието. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, додека во крајните југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 5 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално и слабо провејување на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Според Попоски, потоа, во следните неколку денови времето ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди, на некои места и подолги. Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, а ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег. Наутро температури ќе биде ИСКЛУЧИТЕЛНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштат дури и до близу -20 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....