06:35 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Грч студено време, еве кои се најстудените денови пред нас!

– Како што веќе најавивме, до петок времето ќе биде стабилно, суво, сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури, особено утре и во четврток ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо попоски.

Според Попоски, повеќе облачност ќе имаме за време на викендот, кога поради јужното воздушно стуење и температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

И во Скопскиот регион до петок времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Минималната температура се очекува да се спушти до околу -6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени. Нешто потопло ќе биде за време на викендот, кога ќе има појава и на умерена облачност. Максималната температура во Скопје за време на викендот ќе се искачи до околу 7 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....