4.8 C
Скопје
21:44 - 28 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве кога се очекува дожд!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло, во западните и во југозападните предели со мала до умерена облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 21 степен.

Според Попоски утре ќе има нешто повеќе облачност и особено во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд, додека во вторник и среда времето ќе биде претежно стабилно и суво со сончеви периоди.

Нови повремени врнежи од дожд на повеќе места се очекуваат од четврток па натаму кога ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Што се однесува до температурите тие и понатаму ќе бидат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 23 степени.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо
Се вчитува....