7.8 C
Скопје
21:17 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Значително ПОСТУДЕНО и ДОЖДЛИВО време, еве од кога!

– Како што најавивме од утре до вторник времето во Македонија ќе биде облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. На повисоките места и на планините ќе дојде до формирање на нова снежна покривка а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. За време на овој студен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог – вели нашиот метео прознозер Славчо Попоски.

Според Попоски постабилно време ќе имаме од вторник. Што се однесува до температурите, тие од утре ќе опаднат дури за повеќе од десет степени во споредба со сегашните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, додека наутро истите понекаде ќе се спуштаат под нулата со што на некои места, и тоа особено на повисоките и планинските места ќе има појава на мраз.

И во Скопскиот регион од утре до вторник ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 13 степени, додека наутро истите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 0 и 4 степени.

Исто така да напоменеме дека овие температури кои се очекуваат од утре ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....