7.8 C
Скопје
00:00 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Зима среде пролет, до кога?

– Под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса од север, во текот на денешниот ден, како и утре времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Локално и тоа особено во јужната половина од државава врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, додека максималните температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени.

Да напоменеме дека снежната граница има услови на некои места да се спушти дури и под 1000 м.н.в. И во Скопскиот регион времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека на околните планини ќе има услови за слаби врнеи од снег, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Максималната температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 10 степени.

Според Попоски, од вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека максималните температури ќе бележат тенденција на пораст, а минималните понекаде овие денови ќе се спуштаат и под нулата.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....