02:26 - 9 април, 2026

Славчо Попоски најавува температури до 38 степени и екстремно висока вредност на УВ-индексот

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ ТОПЛО и сончево. Сепак повремено ќе има услови за локална појава на нестабилност. Во сабота повторно ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, а малку пониски температури ќе имаме утре кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

И во Скопскиот регион во следниот период времето ќе биде МНОГУ ТОПЛО и сончево. Сепак повремено ќе има услови за локална нестабилност, а во сабота повторно ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 34 степени.

УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и во следниот период ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....