18:09 - 6 април, 2026

Славчо Попоски најавува (пак) поројни дождови, невреме, силен ветер

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во западните и во јужните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени. Потоа до самиот крај од оваа недела под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места низ Македонија ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови и локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад и најсвежо ќе биде токму во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Потоа од сабота температурите повторно ќе бележат тенденицја на постепен пораст.

Слични објави

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо
Се вчитува....