7.8 C
Скопје
21:59 - 30 март, 2026

Славчо Попоски најавува невреме – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Повремено во делови од котлината ќе има услови за нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 34 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....