7.8 C
Скопје
00:33 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Силен ветер до 80 км на час, па нагло зголемување на температурите до 16 степени, еве кога!

– Во раните утрински часови од утрешниот ден, врнежите ќе престануваат во најголем дел од државава. Мора да се напоменеме дека во текот на претстојната ноќ, како и утре ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Токму поради ова ги предупредуваме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ затоа што се работи за студен фронт кој ќе помине над нашата територија – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Инаку, како што најавивме, утре сеуште локално и тоа особено во планинските предели ќе има услови за провејување на снег. Температурите ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени. Потоа од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво со повеќе сончеви периоди, додека максималните температури ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека наутро и тоа особено во среда ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени.

Според Попоски о во Скопскиот регион утре ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец а времето ќе биде променливо облачно со услови за сосема слабо и локално проврнување на дожд и снег, потоа од среда па натаму времето ќе се стабилизира а температурите преку денот значително ќе се покачат и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Наутро пак ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 0 степени.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....