18:38 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Доаѓа сонце и значително повисоки температури!

– Како што најавивме, во текот на утрешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, и тоа особено во западните и во северните предели. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи променливо облачно со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд со послаб интензитет, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски за време на викендот ќе имаме постабилно и посончево време, додека во почетокот од следната недела во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за Велигден кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.

Слични објави

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо
Се вчитува....