6.8 C
Скопје
02:21 - 31 март, 2026

Славчо Попоски најавува до 35 степени и екстремно висока вредност на УВ-индексот

– Денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено во попладневните часови, и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи. Денес ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, додека ПОГОЛЕМ пораст на истите се чекува од вторник па натаму, и тогаш максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. И во Скопје и околината времето денес, како и во следниот период ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 33 степени, додека од среда температурите ќе се искачуваат и до околу 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....