0.8 C
Скопје
20:45 - 18 јануари, 2025

Симон Трпчевски: Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер на врвовите на класичната музика

Создавањето на Национален оркестар за џез музика е добредојден чин што Македонската филхармонија го поздравува. Но, сместувањето на двата музички ансамбли како две национални установи во еден дом, под еден покрив е неприфатливо од причина што ќе создаде низа непријатности во административното работење и ќе се одрази врз конструктивноста, креативноста и продуктивноста и на двете национални установи.

Ова се потврдува со повеќе аргументи, бидејќи пред се, новоформираната национална установа не е компатибилна со дејноста на Македонската филхармонија, иако е во сферата на музиката. Објектот на Македонска филхармонија е наменски изграден за потребите на музички оркестри како гудачки квартет, дувачки квинтет, перкусионисти и не компатибилна за друг музички правец. Се мешаат две различни категории.

Џез музиката е високо почитувана музичка сфера и заслужува, посебно во форма на национален оркестар, адекватно, наменско и трајно решение каде овој квалитетен состав од врвни музичари и идните што ќе дојдат, ќе може да го дадат својот максимум во креативноста и изведбите.

Создавањето на посебен простор за Националниот џез оркестар е решение и идеја поздравена и од едно од нашите најеминентни музички имиња, како Симон Трпчевски кој во својата поддршка за Македонска филхармонија вели: „Уметноста и културата се сржта на еден народ. Лично, многу ја почитувам џез музиката како и нејзините исполнители. Таа е од огромно значење за шареноликоста на нашата музичка и културна сцена. Ако има потреба поддржувам изградба на посебен простор за нив со сите услови за креативност, во кој секако ќе уживаме сите заедно. Додека, пак, салата на Македонската филхармонија, се надевам ќе остане да биде исклучиво дом на нашиот најреномиран оркестар и музички амбасадор на Македонија. Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер, пред сé на врвовите на класичната музика, без правење преседан невиден во филхармониските институции во светот, секако со концертна отвореност за високи музички дострели какви што се и тие на нашите џез музичари“, истакнува Трпчевски.

 

Слични објави

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Еспресо

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Еспресо

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova
Се вчитува....