7.7 C
Скопје
00:15 - 1 април, 2026

Шокантно признание на Северина: Пред породувањето лежев на одделението за онколошки пациенти

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ со години се бори за старателството над синот Александар со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, а сега пејачката за првпат откри какво изгледало нејзиното породување.

Северина раскажала дека лежела на онколошкото одделение пред да се породи и рекла дека нејзиниот поранешен партнер Милан ги крадел нејзините омилени слатки и им ги давал на медицинските сестри во породилиштето.

– Син ми го родив со царски рез бидејќи се плашеа поради моите години, а потоа морав да лежам мирна околу 2-3 дена, иако детето беше покрај мене. Сите знаат дека сакам чоколадни наполитанки и тогаш ми ги носеа во породилното. Меѓутоа, оној чие име не се спомнува, ми ги крадеше сите тие наполитанки од шкафот и им ги даваше на сестрите – рекла Северина, а потоа објаснила зошто ја сместиле на одделението за онколошки пациенти.

– Ме сместија на едно одделение кое беше за онколошки пациенти, бидејќи луѓето од улица доаѓаа да ме посетуваат и тогаш повеќе не знаеја што да прават со мене. Така, штом ќе заминеше тој чие име не се спомнува, сестрите ја заклучуваа вратата, па ќе ми викнеа и јас ќе седнев со стомакот и ќе изедев две кутии од тие наполитанки и кока – кола, што никогаш во животот не сум го правела. Но, тоа тогаш навистина ме влечеше – се присетила Северина за хрватска „Глорија“.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....