06:50 - 4 април, 2026

Шест години по смртта на Дивна Карлеуша, Јелена ги расплака сите со објавата: Нема кој да ме утеши и заштити

Денес, 3 март 2025 година, се навршуваат шест години од смртта на поранешната радио водителка Дивна Карлеуша.

Нејзината ќерка, пејачката Јелена Карлеуша, никогаш не криела колку била приврзана за мајка си и секоја година на овој ден ги споделува своите најдлабоки емоции и сеќавања за неа.

Јелена овој пат на социјалните мрежи објави насмеана фотографија од нејзината мајка заедно со болна порака, во која ја изразува својата тага поради нејзиното заминување и жалење што не ја покажувала својата љубов почесто.

– Денеска се навршуваат 6 години откако ја изгубив мајка ми. 6 години како немам кому да се пофалам, 6 години без кој да ме утеши, советува, заштити… 6 години како немам половина срце.
6 години како се каам што не ѝ кажував почесто дека ја сакам, што не ја прегрнував повеќе… Прегрнете ги цврсто вашите мајки и кажете им дека ги сакате најмногу на светот“, напишала Карлеуша во описот на сликата.

За потсетување, Дивна Карлеуша почина на 3 март 2019 година, на 61-годишна возраст, по долга борба со болеста.

Во последните години од животот имала сериозни здравствени проблеми, а нејзината ќерка Јелена и поранешниот зет Душко Тошиќ направиле сѐ за да и пружат најдобра медицинска нега и да и ја олеснат борбата.

Споменот на Дивна Карлеуша и денес живее преку зборовите и постапките на нејзината ќерка, која и по шест години не ја крие болката од нејзиното заминување.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....