08:15 - 12 март, 2026

Шакира и Хамилтон се во рана фаза на врска: „Се забавуваат, флертуваат и се запознаваат“

По серијата јавни излегувања, извор зборува за „Пипл“ дека пејачката и возачот на Формула 1 го одржуваат нивниот однос „забавен и флертувачки“.

„Тие поминуваат време заедно и се во фазата на „запознавање“, вели изворот кој ги познава и двајцата. „Тоа е забавно и флертувачки“.

Претставниците на Шакира и Хамилтон не одговорија веднаш на барањето на Пипл за коментар.

Веста доаѓа откако Шакира (46) присуствуваше на Ф1 Шпанското ГП во Барселона, Шпанија – каде Хамилтон (38) возеше за Мерцедес и се најде на второто место – и потоа двајцата се дружеа, прво беа на вечера, потоа во дискотека. Некои фотографии споделени од нивни пријатели кои присуствуваа на забавата завршија на Инстаграм „стори“.

Но тоа не е првпат тие да се виени заедно. Минатиот месец, таа беше забележана како се дружи со Хамилтон и пријателите на излет со брод во Мајами, откако присуствуваше на Гран-прито кое се одржа во Мајами.

Нејзиното појавување на Големата награда на Мајами се случи еден ден откако ја доби првата награда на Билборд за жена на годината на свеченоста Latin Women in Music. За време на нејзиниот говор кога ја примаше наградата таа ги сподели своите размислувања за нејзиното разделување од поранешниот партнер Жерар Пике, кои завршија на насловните страници.

„Ова беше година на сеизмички промени во мојот живот и чувствував повеќе од кога било – и тоа многу лично – што значи да се биде жена“, ѝ рече таа на публиката при прифаќањето на нејзината награда.

„Тоа беше година кога сфатив дека ние жените сме посилни отколку што мислиме, похрабри отколку што верувавме, понезависни отколку што нè учеа да бидеме“, продолжи Шакира.

„Бидејќи која жена во одреден период од животот не се заборавила себеси затоа што го барала вниманието и љубовта од некој друг? Мене тоа ми се случи повеќе од еднаш“, додаде таа.

Шакира објави дека се разделува од фудбалската ѕвезда во јуни 2022 година, по десет години заеднички живот и две деца.  Хамилтон пак, во минатото имал голем број жени од висок профил, вклучувајќи ги и Рита Ора и Ники Минаж, откако се раздели со долгогодишната девојка Никол Шерцингер во 2015 година.

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....