18.8 C
Скопје
14:03 - 13 март, 2026

Шакира го доби старателството над децата по разделбата со Жерар Пике, еве што стои во договорот!

Пејачката Шакира го доби старателството над децата откако раскина со Жерар Пике. Ова го пренесува шпанскиот весник Ел Паис, повикувајќи се на извори блиски до пејачката.

Деталите од договорот ќе бидат откриени подоцна, меѓутоа, според La Vanguardia, во договорот стои дека 9-годишниот Милан и 7-годишниот Саша ќе се преселат во Мајами со нивната мајка. Децата овој Божиќ ќе го поминат во Барселона, но во 2023 година ќе се преселат со својата мајка во САД.

инстаграм

Иако Жерар Пике првично се спротивстави на преселувањето на децата во САД, па дури и бараше компензација од својата поранешна љубовница за летовите од прва класа за да може почесто да се гледа со синовите и плус исплата од 400 илјади евра, според шпанските медиуми, тој изгубил на суд.

Новите вести се споделуваат и на социјалните мрежи, поточно голем дел од Шпанците навиваат за Шакира – „Шпанската правда е и на страната на мајката“.

Разделбата на Шакира и Жерар Пике стана позната во јуни оваа година. Причина беше неверството на играчот на Барселона. По раскинувањето на парот, Пике почна да се појавува во јавноста со новата сакана, 23-годишната студентка Клара Чиа, која се вработи во неговата компанија за управување со настани.

Шакира по раскинувањето објави нова песна во која се пее за нарцисоиден маж кој „секогаш сакал да биде во центарот на вниманието и не давал ниту половина од себе“.

Шакира и Жерар Пике започнаа врска во 2010 година, а врската ја потврдија една година подоцна. Тие не беа официјално во брак. Во 2022 година објавија дека се разделуваат. Неодамна Шакира го даде првото големо интервју по раскинувањето и изјави дека сето тоа за неа било како „кошмар“. Пике пред една недела објави крај на спортската кариера.

 

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо
Се вчитува....