6.8 C
Скопје
06:04 - 31 март, 2026

Сестрата на Амбер Херд: „Со мои очи видов како Деп ја тепа“

Витни Хенрикез, сестрата на Амбер Херд, сведочеше во средата за време на судењето за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга и рече дека го видела актерот како ја зграпчува Херд за коса и постојано ја удира по лицето. Еве што друго кажа во судницата.

Хенрикез исто така прецизираше дека живеела со Херд и Деп од време на време за време на нивната врска и дека Деп во тоа време го сметала за брат. Хенрикез сведочеше дека користела кокаин со Деп, дури и непосредно пред инцидентот во кој го видела Деп како фрла конзерва од Ред Бул кон својата медицинска сестра Деби Лојд, што Лојд пак, тоа го ​​негираше во своето сведочење.

Хенрикез рече и дека за време на кавга, Деп истрчал по скалите по неа.

„Тој дојде зад мене и ме удира во грб. Ја слушнав Амбер како вика: „Не удирај ја сестра ми“. Но ој ме удри“, објаснува Хенрикез во судницата и продолжува. „Потоа Џони ја фати Амбер за коса со едната рака, а со другата постојано ја удираше по лицето“.

Хенрикез, која беше испрашувана од адвокатката на Деп, Ребека Лекароз, рече дека таа често се однесувала како брачен советник на парот и, понекогаш, застанувала на страната на Деп во дискусиите.

„Ти сакаше г-ѓа Херд да остане со г-дин Деп дури и откако виде дека ја тепа, нели?“, праша Лекароз. “Ова е навистина преголемо поедноставување на нешто што не се толку едноставнои. Амбер беше многу заљубена, а исто и Џони. Дали се согласив или не, дали се согласував или не со она што се случува не беше моја работа“, сведочеше Хенрикез.

За сега, што се однесува до социјалните мрежи Деп е во убедливо водство пред Амбер.

Стотина Американци кампуваат пред судот за поддршка на Џони Деп: „Ние сме во неговиот тим“

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....