10.8 C
Скопје
10:48 - 27 октомври, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Многу топло, до 35 степени, еве кога

– Од утре па натаму, како што и претходно најавивме, поради продор на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од северните предели на Африка, температурите ќе бележат тенденција на брз и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ. Особено ТОПЛО ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопскиот регион времето во следните неколку денови ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Помали услови за појава на локална нестабилност ќе има во недела, како и во првите денови од следната недела. Температурите ќе бележат тенденција на брз и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо
Се вчитува....