14.8 C
Скопје
11:14 - 23 октомври, 2026

(Фото) Сергеј Ќетковиќ, жртва на измама: Пејачот се огласи и упати апел сите да бидат претпазливи!

Пејачот Сергеј Ќетковиќ објави дека е жртва на интернет измама и дека на интернет кружат профили кои се претставуваат како него.

Ќетковиќ апелираше до сите луѓе да не наседнуваат на лажни профили кои, како што вели, имаат негова фотографија и го користат неговото име.

Пејачот се огласи преку својот инстаграм-профил и објасни дека некој го користи неговиот лик и бара разни услуги, вклучително и пари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SERGEJ ĆETKOVIĆ (@cetkovics)


„Драги мои, за жал има такви кои лажно се претставуват и комуницираат со вас преку социјалните мрежи! Ве молам бидете внимателни и игнорирајте, пријавувајте и блокирајте ги сите оние кои се обидуваат да комуницираат со вас и бараат од вас какви било услуги или пари“, напиша Сергеј.

Тој додаде дека користи само еден профил:

„Целата комуникација од моја страна можете да ја добивате преку мојот официјален профил на Инстаграм и Фејсбук и на концертите! Ви благодарам за разбирањето“, се вели во објавата на популарниот пејач.

Како да препознаете интернет измами

Измамите често започнуваат со порака или апликација за запознавање, потоа се префрлаат на социјалните медиуми и на крајот на платформите за плаќање или крипто платформите.

За време на една измама, криминалците често се обидуваат да ги „провлечат“ жртвите низ многу различни платформи за да се осигурат дека секоја има ограничен увид на целокупната измама, што го отежнува нејзиното откривање.

 

 

 

Слични објави

„Нема да поверувате колкава е разликата во години меѓу Брена и Боба“ — овој детал речиси никој не го забележал низ годините

E.A.

„Кажува добри работи за нејзини години“: Коки Јанков откри колку му значи мислењето на ќерката

Еспресо

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Хороскоп за 23 октомври: Бикови, поради една ситница ќе се чувствувате многу среќно

Еспресо

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо
Се вчитува....