16.8 C
Скопје
13:01 - 18 октомври, 2026

(Фото) Хрватскиот „господин Совршен“ дојде со мотор во Македонија

И додека хрватската пејачка Маја Шупут, со која во последно време го поврзуваат, ужива со својата менаџерка и со својот син Блум, Шиме Елез ужива возејќи мотор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)


Откако веќе се огласи од Црна Гора, Шиме продолжи кон Македонија. Објавил фотографија и од Гевгелија. Ги поминал првите граници и е полн со први впечатоци, а наместо големи зборови – остава фотографиите од патот да зборуваат.

За некои тоа е храброст, за други лудост; за хрватскиот „господин Совршен“ Шима Елез, очигледно, најдобриот начин да го претвори летото во приказна што ќе ја памети.

За атрактивниот сплиќанец, кого публиката го запозна благодарение на емисијата „Господин совршен“, ова не е бегство, туку доаѓање до нови граници и до лето кое ќе го памети по звукот на моторот. Првото јавување дојде од Црна Гора, а потоа продолжи кон Македонија. Во кратките паузи, тој го доловува кадарот, ги раскажува своите впечатоци и повторно се враќа на патот.

По завршувањето на емисијата, гледачите имале можност да го следат во емисијата „Зелени херои“ во улога на водител. Во неодамнешно интервју за „Тпортал“, тој призна дека би сакал „повторно да работи на нешто, можеби слично, можеби сосема различно“ бидејќи „секое искуство ги проширува хоризонтите и отвора нови врати“. Зборувал за искуството во реалното шоу кое го направи препознатлив, а открил и што го прави типичен Далматинец.

„Можеби е подобро да се праша по што не сум, хаха. Ми се допаѓа морето, кафето наутро, добрата храна и дружењето. Никаде не ми се брза, и секако – малку шега никогаш не штети“, рекол тогаш за „Тпортал“.

 

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....