19.8 C
Скопје
12:21 - 7 октомври, 2026

Семејството Бекам подготвува гала прослава: 115.000 евра за 21. роденден на синот Бруклин!

Викторија (45) и Дејвид Бекам (44) подготвуваат гала прослава за 21. роденден на нивниот син Бруклин, а како што пренесува британскиот таблоид „Сан“, славниот пар за забавата ќе оддели неверојатни 100.000 фунти, односно 115.000 евра.

Прославата е закажана за 7 март, три дена по датумот кога е роден Бруклин, инаку фотограф во развој кој кариерата ја гради во Америка, каде и живее.

Како што се пренесува, прославата ќе се случи во англискиот Котсволд, на семејниот имот на семејството Бекам. 

– Организацијата е во тек и навистина е вложен голем труд за прославата на роденденот на Бруклин – изјави пријател на семејството Бекам за „Сан“.

На прославата ќе присуствуваат Елтон Џон, Гај Ричи, Ката Делавиљ, и секако, девојката на Бруклин, Никола Пелц (25), со која синот на поранешната фудбалска ѕвезда неодамна уживаше на Неделата на модата во Париз.

Слични објави

Една година од смртта на Халид Бешлиќ: Останаа хитовите што ги спојуваат генерациите и спомените за неговата човечност

Еспресо

Ново во Волково: Brasilia Wax Studio – место за депилација, масажа и време посветено само на вас

Еспресо

Анабела Атијас оперирана, три недели не изглегла од дома

Еспресо

Прекината традицијата во чест на Тоше, неговиот најдобар другар разочаран: „Жал ми е…“

К.С.

Пекмез од сливи без шеќер — едноставен рецепт од само една состојка

К.С.

Хороскоп за 7 октомври: Девици, луѓето околу вас ќе уживаат во вашето присуство

Еспресо
Се вчитува....