7.8 C
Скопје
21:40 - 30 март, 2026

Селин Дион ги откажа сите настапи во 2023 и 2024 година поради здравствени проблеми: „Многу ми е жал што пак ќе ве разочарам“

Поп иконата Селин Дион денес ги откажа сите нејзини преостанати концерти закажани за 2023 и 2024 година, велејќи дека не е доволно силна за турнеја затоа што се борела со ретко невролошко нарушување, објави АФП.

Минатата година, 55-годишната канадска пејачка откри дека боледува од ретка здравствена состојба која влијаела на нејзиното пеење.

– Многу ми е жал што уште еднаш ве разочарувам сите… и иако ми го крши срцето, најдобро е да откажам се додека навистина не бидам подготвена да се вратам на сцената – напиша Дион на Твитер. „Не се откажувам… и едвај чекам повторно да ве видам!“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Во изјавата објавена од нејзиниот менаџер на турнеја се вели: „На големо разочарување светската турнеја „Courage“ на Селин Дион ги откажа сите преостанати датуми кои се моментално во продажба за 2023 и 2024 година“.

Во декември 2022 година, Дион објави видео со солзи на Инстаграм во кое вели дека неодамна и бил дијагностициран синдром на вкочанетост на мускулите и дека нема да биде подготвена да ја започне својата европска турнеја во февруари како што е планирано.

Таа рече дека нарушувањето предизвикува грчеви во мускулите и ја спречува да ги користи гласните жици „и да пее како што јас сум навикната“.

Нејзината „Светска турнеја Courage“ започна во 2019 година, а Дион заврши 52 концерти пред пандемијата „Ковид-19“ да го одложи остатокот од турнејата.

Таа подоцна го откажа северноамериканскиот дел од турнејата поради здравствени проблеми.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....