3.8 C
Скопје
09:00 - 21 декември, 2024

„Се разведов за да не умрам, дрогираниот Деп ме тепаше…“, вели Амбер Херд на судењето за преживеаните ужаси со Џони Деп

По десетдневната пауза, актерката од Аквамен се врати во судницата. И пред судиите изјави: „Деп под дејство на дрога ме тепаше, ме гушеше, фрлаше предмети по мене. Насилството беше правило, а не исклучок. Да не го оставев, немаше да бидам овде денес“.

По десетдневна пауза, повторно започна судењето за клевета што го поднесе Џони Деп (58) против поранешната сопруга Амбер Херд (36). И актерката од Аквамен се врати во судницата, откривајќи нови шокантни детали од кошмарниот брак: „

Дрогираниот Деп ме тепаше, ме гушеше, фрлаше предмети по мене. Се разведов бидејќи инаку немаше да преживеам “, им рече Амбер на судиите. „Навистина се плашев дека ќе заврши лошо за мене… Насилството беше правило, а не исклучок. Мислам дека тој ќе отидеше предалеку, а јас немаше да бидам овде денес“.

Џони и Амбер, кои си кажаа „да“ во 2015 година, беа во брак само една година. Во мај 2016 година, таа поднесе барање за развод тврдејќи дека тој фрлил телефон кон неа за време на расправија во нивниот стан во Лос Анџелес. Таа вечер во нивниот дом била повикана полиција. Полицијата претходно сведочеше дека не виделе докази за кривично дело и дека Херд не сакала да поднесе жалба. Актерката пред судиите објасни: „Сакав да го заштитам Џони. Не сакав да западне во неволја. Меѓутоа, неколку дена подоцна, Амбер поднела барање за заштита од семејно насилство. На суд рече дека го направила тоа затоа што се плашела: „Не можев да заспијам. Се будев во паника. Ми паѓаше косата. Слабеев“.

Веќе во претходните сведоштва Амбер ѝ кажа на поротата дека Џони постојано ја напаѓал, вклучително и сексуално, и дека таа се плашела за својот живот. Во последното сведочење, таа откри дека поранешниот сопруг не можел да остане присебен и дека неговото ментално здравје почнало да се влошува на почетокот на 2016 година. Според изјавата на Херд, ѕвездата во тоа време почнала да разговара со луѓе кои не биле присутни дома, и да ја обвинува дека кажала работи што таа не ги кажала.

Шенон Кари, клиничкиот и форензичкиот психолог ангажирана од правниот тим на Деп да ја процени Амбер Херд, размислувајќи многу поинаку. Токму Амбер, како што изјави Кари пред денови во судницата, покажува знаци на „гранично растројство на личноста“ што може да ја доведе до „преправање и лажење“.

Деп ја тужеше својата поранешна сопруга, барајќи отштета од 50 милиони долари за авторски текст објавен во „Вашингтон пост“ во кој таа го обвини Деп за семејна злоупотреба без воопшто да го наведе директно неговото име. Судењето, кое започна на 12 април во Ферфакс, Вирџинија, го привлекува сè повеќе вниманието на сите. Додека протагонистите меѓусебно се обвинуваат за насилство, јавноста се храни со страшната приказна на кошмарниот брак заснована на насилство, крв, алкохол, дрога и деградација. Разводот меѓу Џони Деп и Амбер Херд ќе остане запаметен како еден од најлошите во историјата. Со веројатно непоправливи последици по имиџот на двајцата.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....