0.8 C
Скопје
19:25 - 18 јануари, 2025

Се огласи семејството на Клара Чиа: „Шакира е бившата на Пике, а ние сите сме среќни…“

Како трет протагонист во врската меѓу Шакира и Жерар Пике, Клара Чиа е во центарот на бурата откако беше откриена нејзината врска со поранешниот фудбалер.

Дури неодамна беше објавено дека 23-годишната девојка доживеала напад на анксиозност поради стресот предизвикан од успехот на песната на Шакира со Бизарап, во која Колумбијката ги напаѓа и Пике, но и Клара.

Според „Јунивижн“, Чиа побарала поддршка не само од Пике, туку и од нејзините родители и пријатели.

Родителите на Чиа ја поддржуваат врската на нивната ќерка со поранешниот дефанзивец на Барселона, според Силвија Таулес од „Ванитатис“.

Според извори блиски до семејството на младата девојка, „свекорот“ на Пике не обрнал многу внимание на песната на Шакира во која таа се осврнува на Клара Чиа.

„Не им е смешно, тоа е јасно, но не им е ни многу грижа“, вели изворот.

Сепак, тие се загрижени за последиците врз нивната ќерка по виралната хит-песна, а двајцата родители на Клара „омаловажувачки“ ја нарекуваат Шакира како „бившата на Пике“.

„Не очекуваа дека бившата на Жерард ќе го направи она што таа го направи, но на овој начин таа е таа што се прикажува себеси“, ги цитира Таулес пријателите на Чиа. „Клара никогаш ништо не кажала, ниту ќе каже, се разбира, зашто таа е дама“.

Имено, според изворите, семејството на Клара ја сфатиле песната на Шакира со Бизарап како шега.

„И покрај метежот предизвикан од BZRP Music Sessions Vol.53, Клара и нејзините блиски луѓе ја сфатија како шега песната за која толку многу се зборуваше“.

„Повеќе им пречат пишувањата во печатот за неа, отколку она што го кажува музиката на Шакира“, велат изворите.

„Нејзе ѝ пречи малтретирањето од страна на печатот, неможноста да се движи слободно, но што кажува една песна, тоа е дури е и смешно“, додаваат тие.

Тие исто така рекоа дека емотивно, младата жена е „мирна и среќна“ и „нејзиниот секојдневен живот е ист како и секогаш“.

Новите свекор пак, според пријателите на Клара, е воодушевен од Пике.
Иако родителите на Чиа не ја коментираа врската на нивната ќерка, велат дека сите се среќни.

Слични објави

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Еспресо

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Еспресо

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova
Се вчитува....