08:56 - 13 ноември, 2026

Се огласи Лепа Лукиќ по видеото на Карлеуша со Бака Прасе: Ќе ја тужам, сега одам кај адвокат

На мрежите се крена голема помпа откако синоќа, на 6 октомври, во емисијата во живо на Бака Прасе гостуваше поп дивата Јелена Карлеуша – поради што сега се огласи и Лепа Лукиќ.

Една од работите што привлече големо внимание е тоа што Јелена изјавила дека слушнала дека Бака е добар во кревет, а оваа информација ја слушнала од постара колешка Лепа Лукиќ.

По тој повод се огласи Лепа и најави тужба.

– Ве молам немојте, дали треба да ја коментирам таа глупост? Вие сте 20-та личност што ми се јави од утрово. Ја немам видено пет години, не ја слушам и не ја гледам. Ниту сум ја слушнала, ниту сум ја видела на телевизија, ниту сум ја сретнала некаде. Не се дружам со неа, не ја потценувам, но моите и нејзините години не се исти – рече таа, па додаде:

– Ќе ја тужам! Нема да ја коментирам, никаде ја нема, сака да се закачи за мене. Сега одам кај адвокатот.

Многумина мислат дека Јелена само се шегувала, а за тоа сѐ уште не објавила ништо.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....