14:34 - 19 февруари, 2026

„Се молев БЕН АФЛЕК и АНА ДЕ АРМАС да не раскинат до крајот на снимањето на филмот“: Андријан Лин открива детали за „Длабока вода“

Англискиот филмски режисер Адријан Лин, зборувајќи за својот нов еротски трилер со Бен Афлек и Ана де Армас во главните улоги, откри дека „секогаш се молел актерите да не раскинат пред крајот на снимањето“ ако во текот на снимањето се вљубат еден во друг.

Адријан Лин призна дека, кога неговите актери се заљубуваат на сетот, тој обично се молел да не раскинат пред да заврши снимањето: откритието дојде за време на интервјуто за The Independent за новиот филм „Deep Waters“, со Бен Афлек и Ана де Армас, а во режија на легендарниот режисер кој бил инспириран за филмот од истоимениот роман на Патриша Хајсмит.

Ана де Армас и Афлек се запознале на снимањето на филмот во 2019 година и биле во врска околу една година; подоцна, актерот роден во Бостон реши да се врати со својата најпозната поранешна девојка: Џенифер Лопез. Очигледно, нивната приказна имаше серија на уште поекстравагантни пресврти од оние прикажани во филмот.

Во врска со тоа, познатиот режисер рече: „Без разлика на тоа каков филм снимате, не ми е гајле за жанрот: ако вашите актери се заљубат, единственото нешто што можете да направите е да се молите да не раскинат пред да заврши снимањето“.

За време на интервјуто Адријан Лин зборуваше и за пробата што двете ѕвезди ја снимиле во неговиот дом во Лос Анџелес:

„Имаше многу нежност меѓу нив. Таа седеше на креветот и ставаше крема, а Бен беше заинтригиран од неа, тој ја погледна со поглед во кој имаше искрен интерес, и во тој момент знаев дека хемијата меѓу нив ќе биде совршена“.

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....