-5.2 C
Скопје
01:52 - 23 декември, 2024

Сања Бачевски: Микробилките се до 60 пати похранливи од нивните „израснати“ роднини

Љубовта од Србија ја донела во Охрид каде што се занимава со производство на микробилки и со алтернативен туризам, организира ручеци во својот двор. А, бидејќи живее во стариот дел на градот со преубав поглед кон езерото, дошла до идеја микробилките да ги подели со своите гости.

Микробилките можат да се одгледуваат за лична употреба на прозорска даска, процесот ќе трае малку подолго, но возможно е. Им препорачувам на луѓето да пробаат и сигурна сум дека ќе успеат. Фото – приватна архива

Со производство на микробилки Бачевски започнала да се занимава на крајот на 2019 година, непосредно пред почетокот на корона-пандемијата. Бидејќи живее во стариот дел на Охрид, каде што нема услови за поголемо производство на отворен простор, се сетила дека пред осум години гледала на телевизија некоја емисија за микробилки. И така, Сања почнала да истражува за тоа, „симнувала“ книги од Интернет, се зачленила во разни групи на социјалните мрежи што се занимаваат со оваа тема. Бидејќи имала искуство во производство на билки, не ѝ било проблем сето тоа брзо да го совлада. Потоа следувало експериментирањето, испробувањето додека го усовршила процесот на производство.

Сања е дипломиран инженер по хортикултура,  и е родум од Лесковац, Србија, а љубовта ја донела во Охрид. Завршила и специјалистички студии за заштита на билки во Прокупље, има над 20 години искуство во областа на хортикултурата, а во Лесковац има расадник на украсни билки, па така цел живот е опкружена со билки.

Произведувам 10-тина различни видови микробилки, два вида ротквици, црвена зелка, сончоглед, пченка, брокула, крес салата, грашок…Фото – приватна архива

Што се всушност микробилки и за што можат да се користат?

– Микробилки се билки што ги користиме во секојдневната исхрана, само што во овој случај се берат во првата фаза на развој, кога се формираат први листови. Микробилките се помали од „беби-зеленчук“, a поголеми од никулците. Тие можат да се користат буквално со секое јадење, салата, сендвичи, тестенини, месо…

Какви микробилки доминираат кај вас, кои се ваши омилени?

– Произведувам 10-тина различни видови микробилки, два вида ротквици, црвена зелка, сончоглед, пченка, брокула, крес салата, грашок… Не би можела да издвојам еден вид конкретно, бидејќи секој ми е омилен во зависност од јадењето. Треба да имате фантазија и да ја пронајдете вашата омилена комбинација. Предлагам ротквици за сендвичи, сончоглед со сè, дури и со слатки јадења, пченка со риба…

Дали се нутритивно побогати од обичниот зеленчук и поздрави од обичните билки?

– Да, тие се нутритивно побогати од истите израснати растенија, содржат дури 6 до 60 пати повеќе хранливи материи. Сепак, не може да се каже дека се поздрави, бидејќи возрасните растенија содржат повеќе влакна, па затоа треба да ги користиме и едните и другите.

Како се одгледуваат, какви услови бараат, кога се берат?

– Се одгледуваат во затворени простории. Ги одгледувам вертикално, на полици, под светилки. Потребна им е одредена температура за ртење, друга за раст, треба да се регулира влажноста на воздухот. Инаку, не се користат никакви хемиски препарати, семките мора да бидат органски, исклучиво за микрорастенија. Се берат во првата фаза од развојот, кога ќе ги добијат првите листови, пред да излезат вистинските листови. Сè зависи од видот, многу е важно да се следи растот и развојот на билката за да знаеме кога е вистинското време за берба.

Може ли да се одгледуваат на мал простор, на пример во мал стан?

– Секако дека може. Можат да се одгледуваат за лична употреба на прозорска даска, процесот ќе трае малку подолго, но можно е. Им препорачувам на луѓето да пробаат и сигурна сум дека ќе успеат.

Кои растенија, односно зеленчуци, освен компирот и пиперката, не можат да се одгледуваат како микробилки и зошто?

– Не може да се одгледува ни домат, затоа што во своите стебла и листови содржат материи кои не се добри за консумација, отровни се.

За оние кои сакаат да се обидат да одгледуваат микробилки дома, од што треба да почнат, кои се најлесни микробилки за одгледување, а кои се за искусните, односно најтешки за одгледување?

– Прво треба да ги сакаат билките, тоа е предуслов. Некој кој сака билки сигурно ќе успее. Многу е важно семето да не е третирано, такво семе никако не смее да се користи. Пробајте со ротквици, на нив им треба најмалку време за да се дојде до бербата.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!
УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

Фото – приватна архива

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....