8.8 C
Скопје
21:09 - 30 март, 2026

САД објавија извештај за нападот на Капитол од поддржувачите на Трамп: „Трамп е главната причина за настаните од 6 јануари и без него немаше да се случи упадот“

Специјалниот комитет на Претставничкиот дом на САД објави извештај за резултатите од истрагата за упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, што го организираа приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Документот содржи 845 страници. Во него, според американските портали, претседателот на специјалниот комитет Бени Томпсон вели дека Трамп „одлучил да се обиде да остане на функцијата преку повеќеслојна шема, да ги откаже изборните резултати и да ја блокира транзицијата на власта.

Според Томпсон, достапните докази водат до недвосмислен заклучок дека Трамп е главната причина за настаните од 6 јануари и без него немаше да се случи упадот на Капитол.

Претходно Доналд Трамп изјави дека неговото изведување пред лицето на правдата за упадот на Капитол од страна на неговите поддржувачи ќе има за цел само да се обиде да го исклучи од новите избори.

Пред неколку дена, специјален комитет на Претставничкиот дом на САД препорача Министерството за правда да поднесе кривична пријава против поранешниот претседател Доналд Трамп во врска со овој настан.

На 6 јануари 2021 година, приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во зградата на американскиот Конгрес, прекинувајќи ја седницата на која требаше да ги одобрат резултатите од последните избори. Како резултат на инцидентот, пет лица загинаа, меѓу кои еден демонстрант застрелан од полицијата и еден полицаец од Капитол.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....