10.8 C
Скопје
23:43 - 3 април, 2026

Русите ја тестираа „Сармат“, модерна ракета која може да создаде „пекол на Земјата“: Има 10 боеви глави и опсег на гаѓање 18.000 км

Комплексот „Сармат“, интерконтинентална балистичка ракета што може да носи нуклеарно полнење од 8 мегатони на 18.000 километри, успешно ги помина тестовите за летање и подготвен е да биде испратен во борбена должност, пренесуваат руските медиуми.

Стратешкиот ракетен систем „Сармат“ успешно ги помина тестовите за летање. Ова го објави ТВ каналот „Ѕвезда“, пренесува газета.ру, повикувајќи се на зборовите на командантот на стратешките ракетни сили, генерал-полковник Сергеј Каракаев.

„Продолжува активното доопремување на стратешките ракетни сили со модерни ракетни системи. Летечките тестови на ракетниот систем „Сармат“ беа успешно извршени“.

RS-28 Сармат е руски стратешки ракетен систем од петта генерација, со тешка повеќестепена интерконтинентална балистичка ракета со течно гориво (ICBM). Тој треба да го замени комплексот Воевода, кој е во служба на руските војници од 1988 година.

Клучната разлика од претходните генерации на интерконтинентални ракети е што акцентот не е на максималната тежина на боевите глави, туку на нивното маневрирање. Односно, „Сармат“ е во состојба подобро да ги заобиколи системите за воздушна одбрана на потенцијалниот непријател. Системот „орбитално бомбардирање“, кој е вграден во ракетата, овозможува да се користи не само за воени цели, туку и за лансирање на цивилни вселенски летала во орбитата блиску до Земјата, пренсува газета.ру.

Ракетите од комплексот Сармат се со должина од 35,5 метри и дијаметар од 3 метри. Тежината на лансирањето е 208 тони, ракетата има 10 боеви глави од по 750 килотони ТНТ (вкупно 8 мегатони). Максималниот опсег на гаѓање е 18.000 километри.

Слични објави

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....