2.8 C
Скопје
00:25 - 12 март, 2026

Росстат: За време на војната со Украина сиромаштијата во Русија пораснала за 41 отсто

Спред податоците од Руската Федерална статистичка служба (Росстат) бројот на сиромашни Руси со почетокот на војната до денес пораснал за 41 отсто.

Според проценките на Росстат, населението со приходи под прагот на сиромаштија во Русија изнесувало 20,9 милиони во првиот квартал од 2022 година. На крајот на 2021 година, руското јавно статистичко тело пријавило 12,4 милиони руски граѓани под прагот на сиромаштија. Така, во трите месеци од 2022 година, бројот на сиромашни луѓе во Русија се зголемил за 8,5 милиони луѓе, или 40,7%.

Во споредба со четвртиот квартал од 2021 година, просечниот приход на Русите се намалил, паѓајќи од 47.694 рубљи (околу 806 евра) на 36.234 рубљи (околу 612) , што е намалување за 24%. Во исто време, просечната плата се намалила, од 62.828 рубљи (околу 1062 евра) на 60.101 рубљи (околу 1000 евра), или за 4,3%. Бројот на вработени е намален за 800 илјади.

Обемот на социјалните надоместоци во првиот квартал од 2022 година е намален за 19,4% во однос на претходниот извештајен период. Истовремено, учеството на приходите од претприемнички и други продуктивни активности во вкупната структура на приходите се зголемил за 0,7%.

Росстат од 1992 година го проценува бројот на луѓе со паричен приход под воспоставената линија на сиромаштија. Во 2021 година беше променета методологијата за пресметување на прагот на сиромаштија. Сега прагот на сиромаштија одговара на цената на потрошувачката кошница во четвртиот квартал од 2020 година, приспособена на инфлацијата.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....