8.8 C
Скопје
11:52 - 18 февруари, 2026

РОМАН АБРАМОВИЧ ГО ПРОДАВА „ЧЕЛЗИ“: Трансакција од 3,3 милијарди фунти – целиот профит оди за жртвите од војната во Украина

Рускиот олигарх сè уште не е погоден од санкциите што британската влада им ги воведе на други тајкуни за кои се верува дека се блиски до Владимир Путин. 

Сопственикот на „Челзи“, Роман Абрамович, потврди дека клубот од Премиер лигата е на продажба.

Рускиот олигарх, кој сè уште не е погоден од санкциите што британската влада ги воведе на други тајкуни за кои се верува дека се блиски до Владимир Путин, изјави дека „целата добивка“ (од продажбата) „целосно ќе биде насочена на фондација која ќе инвестира за помош на жртвите од војната во Украина“.

Во прес-соопштението каде Абрамович ја објавува својата одлука за продажба на лондонскиот фудбалски клуб се вели дека „продажбата е во најдобар интерес за клубот“.

Се зборува за продажба од 3,3 милијарди фунти.

Рускиот тајкун, кој веќе ја ја напушти претседателската функција во клубот, напиша долго писмо објавено на официјалната страница на „сините“.

„Би сакал да се осврнам на шпекулациите кои се појавија во медиумите во последните денови во врска со мојата сопственост на Челзи. Како што наведов претходно, секогаш сум носел одлуки во интерес на клубот. Затоа, во сегашната ситуација, донесов одлука за продажба на клубот, бидејќи верувам дека тоа е во најдобар интерес на клубот, на навивачите, вработените, како и спонзорите и партнерите на клубот“, напиша Абрамович додавајќи дека продажбата нема да биде забрзана зашто следува соодветна процедура.

Понатаму тој акцентира дека за него никогаш не станувало збор за бизнис или за пари, туку за чиста страст кон фудбалската игра клубот.

„Ве молам, земете предвид дека ова беше неверојатно тешка одлука за носење и дека многу ме боли да се разделам со клубот на овој начин. Сепак, верувам дека ова е во најдобар интерес на клубот“, продолжува Роман Абрамович искажувајќи надеж дека ќе може да го посети Стемфорд Бриџ (теренот на Челзи) за последен пат за да ги поздрави сите лично.

„Во мојот живот беше привилегија да бидам дел од Челзи и горд сум на сите заеднички успеси. Челзи и неговите навивачи секогаш ќе бидат во моето срце“, заклучи рускиот тајкун.

Инаку, Абрамович го купи фудбалскиот клуб Челзи во 2003 година.

 

Слични објави

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Венди! Ќерката ѝ дипломираше, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо
Се вчитува....