4.8 C
Скопје
02:51 - 26 декември, 2024

Родена е Мараја Кери, „Атомско склониште“ го објави својот прв албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја, како на Балканот, така и на светско ниво, ќе го паметиме по создавањето на неколку исклучително квалитетни песни, но и албуми, кои се слушаат до денеска.

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа историјата на музиката на 27 март:

1950 година – Роден е Тони Бенкс, клавијатурист и коосновач на групата „Genesis“.

1951 година – Роден Александар Сања Илиќ, композитор и клавијатурист, во седумдесеттите години на минатиот век лидер на рок групата „Сан“, а потоа самостоен автор и во поново време лидер на составот „Балканика“.

1952 година – Премиерно прикажан филмот „Singing in the rain“, романтична музичка комедија, во режија на Ген Кели, истовремено и автор на танчерската кореографија, односно толкувач на една од главните улоги. Во изборот на Американскиот филмски институт, овој филм е прогласен за најдобар мјузикл на сите времиња, односно за петти најдобар американски филм воопшто.

1959 година – Роден Ендрју Фарис, клавијатурист и коосновач на австралиската рок група „INXS“.

1970 година – Родена е Мараја Кери, американска поп и ар-ен-би пејачка.

1972 година – Елвис Присли го сними својот последен голем хит, „Burning love“, песната која се искачи на втората позиција на американската и на седмата на британската топ листа. По ова Елвис прекина да снима, а кралот на рокенролот почина пет години подоцна.

1975 година – Родена е Стејси Ен Фергусон, уште попозната по сценското име Ферги, која е американска ар-ен-би пејачка и авторка на песни.

1978 година – Хрватската хард рок група „Атомско склониште“ го објави дебитантскиот албум „Не цвикај генерацијо“. Од деветте песни на изданието, како хитови од првиот албум се одделија класичните хард рок броеви како „Поморац сам мајко“, Кинематографи нашег дјетинјства“, „Тко че тад на згаришту речи“ и блус нумерата „Не цвикај генерацијо“.

Малку кој посвети внимание на нумерата „Сазнао сам дијагнозу“, односно само членовите на групата и најблиските пријатели на пејачот Серџо Блажиќ, знаеја дека стиховите кои ги напиша тој со Обрадовиќ – „Умјесто атомске бомбе могли сте проначи лек да проживим свој век“, всушност не се само поетска слика.

Пејачот веќе со години беше тешко болен, за што пошироката јавност нема да дознае уште неколку години подоцна, а неговата статичност на концертите беше толкувана како симбол на еден отуѓен човек, вон времето и просторот.

1985 година – „Рибја чорба“ го издаде албумот „Истина“, кој го одбележа не само еден ултимативен хит, туку според многумина и најдобрата песна на овој бенд воопшто.

Станува збор за апокалиптичната „Погледај дом свој, анџеле“, која го носи името по романот на американскиот поет Томас Волф од 1929 година.

1986 година – Групата „Азра“ го објави албумот „It Ain’t like in the movies at all“. Изданието го сочинуваат три грамофонски ЛП плочи со 41 песна, кои претежно се отпеани на англиски јазик, а станува збор за комбинација од стари и нови нумери.

2000 година – Почина Јан Дјури, рок пејач, автор, поет и актер.

Слични објави

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо
Се вчитува....