22:43 - 4 април, 2026

Речиси 39 илјади мртви во Турција и Сирија, СЗО: „Бројот на загинати уште ќе расте“

Спасуваките екипи продолжуваат да копаат барајќи живот под урнатините: живи извлечени се уште луѓе, деца, жени и мажи. УНИЦЕФ соопштува: „Уништени се десетици училишта и болници“, а  илјадници сирачиња треба да се згрижат.

Сопствениците на бизниси во централниот кварт на турскиот град Антакија ги празнат своите продавници во обид да ги спречат ограбувачите. Новинската агенција Ројтерс разговараше со Јуксел Узун, сопственик на продавница за електроника, кој товарел кутии со производи, вклучувајќи полначи и кутии за телефони, во два камиона.

– Нашата продавница е разурната. Измамници и крадци ја ограбиле. Зедоа што можеа. Нам ни останува тоа што го оставија – рече тој.

Жителите и хуманитарните работници го наведоа влошувањето на безбедносните услови во земјата по земјотресот, со широко распространети случаи на ограбување на продавници и разурнати домови.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека владата ќе се справи одлучно со разбојниците, нагласувајќи дека е прогласена вонредна состојба. Претходно министерот за правда Бекир Боздаг изјави дека 57 лица се уапсени за грабеж.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....