15:24 - 13 ноември, 2026

Разводот на Софија Вергара и Џо Манганиело тежи многу повеќе од „само“ 100 милиони долари: „Таа ќе бара сè што заработила“

Софија Вергара и Џо Манганиело ги изненадија сите кога објавија дека се разведуваат по седум години брак.

И двајцата рекоа дека сакаат разводот да биде што е можно понормален и без драма и стресови. Сепак, парите може да бидат една од пречките се да тече мирно, бидејќи во договорот што парот го потпишал пред неколку години се во прашање 100 милиони долари.

Двајцата актери пред да се венчаат решиле дека е најдобро да се договорат со предбрачен договор во случај на развод. Во договорот било наведено дека двете страни, во случај на развод, треба да го поделат својот имот стекнат во брак.

Самата Вергара го потврди тоа на „The Howard Stern Show“ минатиот мај.

Адокатот специјализиран за разводи, Фредерик Џ.Сигел објасни за Пејџ Сикс дека Софија „ќе го бара тоа што е нејзино и тоа што таа го заработила, а тој пак, ќе бара се што тој заработил во бракот“, па ситуацијата за поделба на имотот изгледа ќе стане тензична.

Но, колкава е нето вредноста на секој од нив? Вергара вреди повеќе од Манганиело, бидејќи таа вреди околу 180 милиони долари, додека тој 40 милиони долари.

Дополнително, тука е и прашањето за нивниот брачен имот, бидејќи тие се преселиле на Беверли Хилс во 2015 година. Имотот, според ТМЗ, ѝ припаѓа на колумбиската актерка.

Сепак, куќата од неодамна била ставена на продажба и, според досегашните информации на американските медиуми, не се знае кому колку и што ќе припадне од парите од продажбата. Веројатно и тоа ќе се решава судски.

Потоа, тука е и прашањето што чија ќе биде чивавата (кучето), зашто и двајцата веќе се во конфликт кај кого да припадне.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....