14.8 C
Скопје
14:43 - 18 декември, 2024

Разводот на принц Хари и Меган Маркл е „зад аголот“: Чарлс е подготвен да ѝ плати дебела отпремнина на Меган за да се тргне од животот на синот

Најавата дека принцот Хари ќе оди сам на крунисувањето на татко му, кралот Чарлс, а неговата сопруга Меган Маркл ќе остане во Калифорнија со нивните деца Арчи и Лилибет Дијана, ги оживеа гласините дека бракот на војводите од Сасекс е во криза. Гласини кои циркулираат веќе со месеци.

Минатиот јануари, по објавувањето на книгата-бомба „Резерва“ се зборуваше за голема кавга меѓу двајцата. Според германското списание „Фрау Актуел“, кое ја лансираше аферата што ја презедоа таблоидите ширум светот, кавгата била толку вжештена што било неопходно полиција да интервенира за да ја смири. Во тоа време се зборуваше дека (наводната) кавга била предизвикана токму од страниците испишани во книгата-мемоари на Хари, а кои се однесувале на легендарната екс девојка Челси Дејви, опишана како „најдоброто нешто“ што му се случило и како „девојката различна од сите други“, која впрочем била и тотално незаинтересирана за нејзиниот кралски статус – како што пишува во книгата. Овие зборови воопшто не ѝ се допаднале на неговата сопруга.

Потоа, во поново време, се зборува за други тензии меѓу војводите од Сасекс. Од причини кои немаат врска со чувства ниту со љубомора. По континуираните напади врз кралското семејство (неодамна поради документарната серија на Нетфликс „Хари и Меган“, а веднаш потоа и со мемоарите „Резерва“), популарноста на бунтовничката двојка падна на историски најниска и во Велика Британија и во Соединетите држави. И познатите пријатели на војводите – од Џорџ и Амал Клуни до Опра Винфри преку Мишел и Барак Обама – исчезнаа од нивните животи. Две, според британскиот печат, најголемите навреди што неодамна ги претрпе новомаргинализираниот пар војводи од Сасекс е исклучувањето од црвениот тепих на Оскарите и, што е уште посериозно, од Мет Гала – најважниот настан во модната индустрија кој ќе се случува на 1 мај. Оваа ситуација, според британскиот печат, ја збеснала Меган. Толку многу што поранешната актерка му се дерела на својот сопруг: „Поради твојата книга сме исклучени од Холивуд“.

Вистина или не, гласините за несогласување се шират низ светот. И, се разбира, тие стигнаа и до ушите на таткото Чарлс III. Кралот, според британскиот печат, веќе подготвил план со своите соработници за „ликвидација“ на војвотката од Сасекс од животот на Хари во случај на развод. Според она што го открил кралски извор, кралот Чарлс, за да ја оддалечи Меган од својот син, е подготвен да ѝ плати на поранешната актерка отпремнина од 50 милиони фунти. Вистина или не, Хари ќе биде сам на 6 мај во Лондон, без сопругата. Вест што ги поттикнува пророштвата на англиските кралски чувари убедени дека разводот на војводите од Сасекс е зад аголот.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....