-0.2 C
Скопје
07:27 - 20 декември, 2024

РАЗГОВОР СО МАЈА СТЕФАНОВСКА: Галерискиот простор како да ја изгуби својата улога

Сликите кои моментно ги работи, академската сликарка Маја Стефановска не може да ги смести во одредена категорија, има апстрактен пристап, дведимензионалното минува во тридимензионално,  препознатливи фрагменти од природата, и еден детски цртеж кој стално ѝ се провлекува.

Во создавањето на циклусот на слики не секогаш ми е јасна идејата, не ги дефинирам точно работите, тој се развива, менува и на крајот сè станува јасно….Кога би знаела однапред сигурно не би ни сликала, фото – приватна архива

Академската сликарка Маја Стефановска моментално е во период на интензивно сликање и уживање во креативноста. Но сега за сега, не планира нова изложба, смета дека поради ковид пандемијата, која ни донесе бројни промени, треба да се случат и одредени промени во однос на промоција на уметноста

Земајќи предвид дека во 2019 година реализираше дури три изложби, што може од тебе да очекуваме годинава?

– Периодов сум во процес на сликање, сликарството е на некој начин медитавиен процес, ме фокусира во моментот, можам да кажам дека е и бегство од реалноста. И покрај тоа што работам и веќе се создава нов циклус на слики, наскоро не планирам класично мое претставување на јавноста. Галерискиот простор како да ја изгуби својата улога, како последица на повеќе фактори, меѓу другото и како последица на ковид пандемијата. Последниве години изложбите беа многу слабо посетени и секако ќе треба да се случат одредени промени во однос на промоција на уметноста.

Со која тема си преокупирана, работиш ли на конкретен циклус?

– Последниот мој циклус на слики беше ,, Црвени емоции“ каде што доминираше женската фигура, во новиве слики нема луѓе. Сликиве кои ги работам не можам да ги ставам во одредена категорија, имам апстрактен пристап, дведимензионалното минува во тридимензионално, има препознатливи фрагменти од природата, еден детски цртеж кој стално ми се провлекува…Во создавањето на циклусот на слики не секогаш ми е јасна идејата, не ги дефинирам точно работите, тој се развива, менува и на крајот сè станува јасно….Кога би знаела однапред сигурно не би ни сликала.

Која е креативната разлика меѓу сликањето на платно и изработувањето на илустрации за книги? Која следна книга ќе ја разубавуваат твоите илустрации?

– Кога сликам тргнувам од себе, а кога работам илустрација тогаш текстот ме насочува, и тоа е голем предизвик. Понекогаш треба да истражувам, да правам скици и да се доближам до сензибилитетот на писателот. Во изминатив период, кога стравот и анксиознаста беа секојдневие, учествував во еден проект на размена на раскази меѓу писатели од бившите југословенски простори. Во таа група на писатели имаше размена на раскази на дигитален начин, а јас им праќав цртежи. Тоа беше прекрасна соработка, размена и комуникација, во еден тотално асоцијален момент. Подоцна за книгата ја изработив и корицата. Следните мои илустрации, кои ги чекам да бидат испечатени се со многу самовили и проѕирни крила.

Не знам дали се живее од сликарство, уметниците обично се лоши менаџери, фото – приватна архива

Освен на платно, сликаш и на скај, кожа, платно…Кој е процесот на враќање на живот на старите предмети, на рециклирањето?

– Старите предмети се дел од едно минато време, си имаат своја приказна и мене ми се многу драги, како на пример столчињата на баба ми, фотеља од 70- тите, ташни… Сакам да им го продолжам векот, ги обновувам, додавам нови елементи, а и ми се допаѓа еклектизмот како стил. Наспроти конзумеризмот, кој има големи последици во уништувањето на природата, мислам дека треба да почнеме да ги поправаме работите, не мора секогаш да завршуваат како одпад.

Како коронакризата делуваше на твојот креативен раст, а што е со економскиот? Се живее ли во ова време од сликарство?

– Ограничувањата не ги почувствував премногу, бидејќи  и предходно сум минувала часови и денови во моето ателје. Не знам дали се живее од сликарство, уметниците обично се лоши менаџери.

Ни недостигаат ли детски фестивали на сликарство?

– Имаше ликовни работилници и изложби и во периодов на ковид пандемијата, но за жал, без широки детски насмевки и топли прегратки. Да, секако дека треабаат детски  ликовни работилници, изложби и фестивали.

Да треба да одбереш три бои за да ја насликаш денешницата на Скопје, кои бои би ги одбрала и зошто?

– Тоа би била палета на сино- сиви тонови и малку зелена боја, сепак ние луѓето станавме свесни дека сме дел од природата и секое агресивно однесување ни го уништува нашиот град.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

 

Слични објави

Цеца го прослави Свети Никола: Пејачката угости ВИП фаци во вила на Дедиње!

Еспресо

(Видео) Гоца Тржан откри каков е Јоксимовиќ кога се исклучени камерите: Тој многу се промени

Еспресо

(Фото) Жито и вино на трпезaта: Aна Севиќ го слави Свети Никола во својот дом, покажа каква домаќинка е

Еспресо

Жика Јакшиќ и Дајана повторно заедно по разводот: За малку ќе се расплачев

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на ќерката на Жељко Јоксимовиќ: Мина се иселила од вилата на нејзиниот татко вредна 2,5 милиони евра, а вака изгледа нејзиниот дом 

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо
Се вчитува....