3.8 C
Скопје
23:36 - 20 декември, 2024

Разговор со композиторот Стефан Петановски: „Не знаеме да го цениме тоа што го имаме, додека некој однадвор не ни го потенцира тоа!““

Има само 23 години, а веќе има биографија полна со успеси. Стефан Петановски е композитор, соло-артист, член во бендот Station: Innermost, како и наставник по гитара. Моментно е актуелен со неговиот документарен филм насловен „The Making of Eros“.

Една година по објавувањето на албумот ,,Eros” го промовира и документарниот филм  „The Making of Eros“. За каков филм станува збор?

– „The Making of Eros“ е документарен филм во кој се опфаќа креацијата и сите сегменти кои го опфатија процесот на создавање на албумот „Eros”. Во овој филм се опфатени сите фази, од самиот почеток до целосната реализација на албумот. Истите се прикажани на најреален и најискрен начин, сѐ со цел да се долови вистинското чувство и енергија низ текот на создавање на ова парче музика.

Јас се одлучив за реализација на ваков проект поради неколку причини. Отсекогаш сум се восхитувал на бендови како Pink Floyd, Queen, Toto и Dream Theate кои преку нивните документарни филмови ни овозможувале барем за момент да погледнеме што се случувало во процесот на креаирање на албуми кои денес важат за култни. Чувството после гледање на вакви филмови е неопсиливо, бидејќи комплетно се менува нашата перспектива. Од активни слушатели и фанови на нивната музика, прераснуваме во гледачи и сведоци на нешто што е многу поголемо од самата музика, односно го гледаме вистинскиот процес на создавање на истите тие песни кои ги обожаваме и нивната страна и перцепција за истите.

Втората причина поради која се одлучив за ваков филм е сопствената потреба за напредок. Кога и да свирам или пак да снимам нешто ново секогаш гледам да имам видео материјал од тоа, бидејќи подоцна ми служи како детална анализа за тоа што треба да се подобри и на кој сегменти треба да се работи.

Како се создаваше  „The Making of Eros“? Кој учествуваше во неговата реализација?

– „The Making of Eros“ се создаде на многу искрен, реален и спонтан начин. Пред да започнам со снимање на мојот втор албум, решив да го документирам секој сегмент од создавањето на истиот. Гледав колку што можев сѐ да биде опфатено во снимките, па токму поради тоа секоја сесија на снимање беше опфатена, без разлика дали се работеше за снимање гитари, вокали, бас или било што друго. Кога си во улога на продуцент/композитор и гитарист навистина е тешко истовремено да се фокусираш на квалитетот на видео записот. Но, токму поради тоа навистина ми е мило што Ана Петановска и Дамјана Апостоловски секогаш беа присутни на снимањата. Благодарение на нивната помош успеавме да фатиме многу искрени и спонтани моменти кои се случија во процесот на снимање. Секогаш ги има таквите моменти, но многу е ретко да се документираат на камера.

Јас се погрижив за едитирањето на филмот но, секако дека овој филм се реализираше и благодарение на целиот тим кои што стои зад создавањето на албумот „Eros“, а тоа се: Ана Петановска, Дамјана Апостоловски, Стефан Митев, Дамир Пух, Стефан Алексовски, Филип Димишковски, Ерик Жилет, Џон Вах, Наташа Еинат и Наско Џорлев.

Албумот „Eros“е издаден на 10 март, 2021 година. За каков албум станува збор? Колку композиции содржи?

– Се работи за концептуален албум кој содржи 10 композиции. Стилот на овој албум најдобро може да се опише како прогресив рок, но не би го лимитирал во жанровски контекст и би оставил на слушателите да проценат каде припаѓа, затоа што има огромна палета на звуци и низ текот на албумот преовладуваат најразлични стилови. Идејата е всушност истакнување на сѐ што означува живот и креација, основното јадро од каде доаѓа позитивната емоција, единствениот начин да оставиме подобар свет долго после нас, со еден збор „Eros“.

На албумот има и повеќе гости меѓу кои John Waugh (саксофон) и Eric Gillette (гитара) кои се истакнати имиња од светската музичка сцена.

фото-приватна архива

Дали, македонската сцена нуди можности за млади таленти?

– За жал, би рекол недоволно. Секогаш имало и ќе има индивидуалци и организации кои се ангажираат за промоција и поддршка на млади таленти, но тоа се само индивидуалци кои во големата слика не може да направат огромна разлика ако и тие немаат поголема поддршка во секој смисол на зборот. Навистина можеме да се пофалиме со млади таленти. Има многу млади музичари кои макотрпно работат и создаваат уникатни дела. Жално е што не знаеме да го цениме тоа што го имаме пред нас додека некој друг не ни го потенцира истото.

Си имал повеќе можности да го покажеш својот талент пред публиката. Кои настапи ќе ги издвоиш за најдраги?

– Секој настап е нова прилика и огромно искуство. Ако морам да издвојам би рекол промоцијата на првото ЕП на мојот бенд Station: Innermost, настапот на Jazz & Blues North City Festival, првиот сопствен концерт во МКЦ со бендот Спектрум, како и настапот на главната сцена на Пиволенд – 2016.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....