-4.2 C
Скопје
02:12 - 25 ноември, 2024

Разговор со активистката МАРИЈА ЈАНАКИЕВСКА: Денес секој може да купи отров „под рака“, а може да биде фатален и по човечки живот, не само по животот на животното!

Марија Јанакиевска веќе девет години се занимава со активизам за спасување и вдомување животни. Гледајќи од оваа перспектива ѝ изгледа како тоа да го прави отсекогаш. Нејзината приказна на активистка почнала кога, како што вели, станала „мајка“ на четвороножниот убавец Хектор. Хектор ја означил нејзината преродба и бил инспирација за уште бројни други приказни кои се развиле со текот на времето.

– По Хектор доаѓа господин Каско, маалско кутре, кое започнувам да го ранам на една локација. Но, господин Каско го снема 3 дена, го баравме под дрво и камен и конечно од далечина слушнав зарипнат, но познат лаеж. Тој е – си реков, тргнав во насока кон лаежот и го најдов Каско сосема неподвижен. Го удрил автомобил, карлицата беше сол направена…Таков, неподвижен и беспомошен го однесов на ветеринар, бев крвава во рацете, зашто во тој период, сосем неискусна, подигнувајќи го случајно сум го фатила за карлицата. А тој, кутриот, ме гризна од болка, па потоа со часови ми ја лижеше раката во знак на извинување. И така Каско од тој ден стана домашен миленик – вака Марија ја започнува нејзината хумана приказна.

По Каско следувале Џиџе, Џони и голем број други кучиња, секој со своја приказна и своја завршница. Почетоците за Марија биле голем и тежок предизвик, но таа е жена која во откажувањето никогаш не гледа опција.

Марија е активистка 24 часа во кои истовремено оди секојдневно на работа, има две мали дечиња и лично свои 4 кучиња, фото – приватна архива

Со кои предизвици денес се соочувате?

– Со „мал милион“, верувајте. Ако ви кажам дека на дневна основа добивам по минимум 50-тина повици кои се однесуваат на животни, најверојатно нема да поверувате. Денот ми почнува и завршува со нив, повик за повредено, порака со молба за помош, со часови конверзации за можни вдомувања, константна комуникација со вдомувачи, планирање на следните активности, ретроспектива на минатите активности и земање поуки од она што било добро и она кое се покажало како непродуктивно…И сето ова во 24 часа, во кои истовремено одам секојдневно на работа, имам две мали дечиња и лично свои 4 кучиња. Можам да кажам дека најголемиот предизвик моментално ми е пронаоѓање на минута плус во денот, бидејќи времето ми е секогаш кратко.

Следниот предизвик се секако финансите. Имено, секојдневно нè боли глава како да ги одржиме оние над 150 кутриња кои ги имаме во пансиони, како да обезбедиме храна, ветеринарни третмани, како да не вратиме ниедно на локација, како да го исполниме ветувањето дадено кон секое едно од нив, а тоа е дека за нив ќе има подобро утре. Животот на еден активист не е нималку лесен, напротив, има денови во кои не го гледате излезот…Но, поставувајќи си ја крајната цел пред вас, а тоа е подобро утре и за животните, има некоја внатрешна сила која ве придвижува да продолжите напред со главата гордо подигната.

Секојдневно нè боли глава како да ги одржиме оние над 150 кутриња кои ги имаме во пансиони, како да обезбедиме храна, ветеринарни третмани, како да не вратиме ниедно на локација, фото – приватна архива

Да се гледа на кучето како субјект, а не како објект, дали и колку во нашата земја е променета свеста и пристапот кон кучињата? Што велат вашите искуства?

На мое задоволство морам да признаам дека откако бројот на здруженија во државава се зголеми, откако истите почнаа да стануваат се погласни адресирајќи ја сопствената загриженост во врска со благосостојбата на животните, нештата се променија кон подобро. Имено, во изминативе 10-на години, колку тпо сум јас активна и следам што се случува, можам да истакнам дека минимум 5-6 нови здруженија се појавија во државава, истите се навистина гласни и истрајни во борбата против неправдата врз животните. Индивудуалните активисти се охрабрија, почнаа сè посамостално да делуваат, и кога функционирате како тим резултатот е неминовен. Со сè ова луѓето, верувам, почнаа да се едуцираат за значењето на терминот домашен миленик. Не велам дека сме ја завршиле сета работа за менување на перцепцијата кон милениците, но тврдам дека сме на добар пат кон целта. Велат навиките се најтешки за менување нели? Но верувам дека добро го трасираме патот кон менување на свеста за односот кон домашните миленици и начинот на кој треба да се чуваат. Ова е долг процес, долга активистичка борба, но цврсто верувам дека, поради максималната посветеност, на крајот ќе наидеме на успех.

Сметате ли дека е потребно итно регулирање и строга контрола на продажба на отрови во земјоделските аптеки?

– Апсолутно! Едноставно затоа што сега во пракса апсолутно секој може да купи отров! Затоа што дури и кога има контроли, отровот можете да го купите „под рака“. Отровот е опасна играчка, не дај боже може да биде фатален и по човечки живот, не само по животот на животното. Отровите мора да се продаваат во исклучително контролирана средина. Да не дозволиме ситниот профит да придонесува кон одзимање на невини животи!

Отровите мора да се продаваат во исклучително контролирана средина. Да не дозволиме ситниот профит да придонесува кон одзимање на невини животи! Фото – приватна архива

Кои мерки според вас треба, исто така, да се стават на приоритетната законска листа?

– Законот и не е така лош, но спроведувањето на истиот во пракса е нешто што ни недостасува. На пример, во законот стои дека се забранети борбите со кучиња, а во пракса – кучиња се борат на неделна основа. Законски сме обврзани да ги чипираме домашните миленици, но во пракса мојата претпоставка е дека се чипирани не повеќе од 40 отсто од домашните кутриња. Истовремено, казните за пронаоѓање на домашен миленик на јавна површина се банални и смешни. Јас би ја вметнала во закон задолжителната стерилизација на домашните миленици, со субвенција од страна на државата, освен во случај доколку сакате да го парите кучето. Доколку сакате да имате легла, тогаш задолжително ќе мора да имате регистрирана одгледувачница, ќе си плаќате данок на државата по извадено легло. Бидејќи сега, кој стигне може да го пари кучето, а ниту плаќа нешто, единствено има лична корист од продажбата на малите кутриња.

Дали и колку се спроведуваат законските казни за трујачите на кучиња?

– Да бидам искрена, мислам дека досега ниту еден трујач не е изнесен пред лицето на правдата што секако, на трујачите им е мотив да продолжат понатаму со својата црна агенда. Имено, порано многу почесто, но и сега не можам да кажам дека е реткост, се среќаваме со отруени животни, живи кучиња закопани во црни јами, кучиња искасапени до смрт…И што е најстрашно, сето ова се случува пред очите на широката јавност, и нема никаква разрешница! Трујачите си трујат, касапите си касапат, има и такви кои за забава си пукаат од воздушните пушки, а секако мета им се кучињата…и никој досега не е казнет за ништо! Пишуваме бројни дописи, се трудиме да се обратиме до сите релевантни институции, вложуваме напори од петни жили во пронаоѓање на разрешница, но како да си имаме работа со неми и глуви набљудувачи. Ова е налик, кучињата лаат а карванот си врви! До кога вака?! Најверојатно додека некој од надлежните не биде казнет за непостапување, ако тоа е воопшто можно овде.

Идејата за настанот закажан за 2. април е конечно да успееме да се подружиме меѓусебе, фото – приватна архива

На 2. април во Детскиот културен центар организирате необична забава за љубителите на кучиња, за што станува збор?

– Идејата за 2. април е конечно да успееме да се подружиме меѓусебе. Во изминатиов период преовладуваше едно сивило, една апатија, еднообразност, секако како резултат на сè она што не опкружуваше како нас така и целиот свет. Сметаме дека е редно време да внесеме малку колорит во сивилото, да се посмееме, да се подружиме, да поуживаме во една поинаква забава. Особено ми е драго што на 2ри ке учевствува и детското хорче на Пионерски дом „Карпош„. Имаме вистина многу пријатели кои решија да ни се приклучат на настанот, што само покажува колку ни фалеле таканаречените „кучкарски“ дружби.

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....