7.8 C
Скопје
07:43 - 2 април, 2026

Путин е подготвен да гарантира извоз на жито од Украина преку окупираните пристаништа

Во пристаништата Бердјанск и Мариупол „ја завршуваме работата за деминирање, и подготвени сме да гарантираме извоз без проблеми“. Но, за извозот според Путин, најлесниот начин е преку Белорусија, но „прво Западот ги отстрани санкциите“.

Русија го завршува расчистувањето на мини од пристаништата Бердјанск и Мариупол на Азовското Море и е подготвена да понуди да се деблокира извозот на жито од Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизија „Россија 24“.

„Пристаништата на Азовското Море – Бердјанск, Мариупол – се под наша контрола, ние сме подготвени да гарантираме непречен извоз, вклучително и на украинска пченица, преку овие пристаништа“, рече рускиот лидер. „Ја привршуваме работата на деминирање“, додаде тој, „работата е при крај, ќе ја создадеме потребната логистика, ќе го направиме тоа“.

За безбедно враќање на извозот на жито, Путин го повика Киев да ги отстрани мините од територијата под негова контрола и увери дека Русија нема да тоа да го искористи за напади од морето. „Меѓународните води не се проблем, нема да се искористи ситуацијата со деминирање за да изврши некаков напад и таму“, рече тој во интервјуто.

Веста според која Русија го блокира извозот на пченица е „блеф“ на западните земји за прикривање на нивните политички грешки, рече Владимир Путин во интервјуто, нудејќи и второ решение, секако провокативно кон западните земји: „Ако некој сака да го реши проблемот со извозот на украинска пченица, наједноставниот начин е преку Белорусија. Никој не го спречува. Но, за ова, санкциите кон Белорусија мора да бидат укинати“.

 

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....