13:31 - 3 април, 2026

Пу, пу, не важи: Карлеуша НЕМА да го тужи сопругот! Еве што се случило во Судот!

Пејачката денеска беше на распит во Првото основно јавно обвинителство во врска со пријавата за насилството што наводно се случи на Божиќ во нејзиниот дом.

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска во Првото основно обвинителство изјавила дека не сака кривично да го гони нејзиниот сопруг и фудбалер Душко Тошиќ.

Јелена не била баш расположена за разговор со претставниците на медиумите, па само поминала покрај насобраните фоторепортери.

Да потсетиме, балканските медиуми на 7 јануари пишуваа дека Карлеуша го пријавила сопругот за семејно насилство. Како што тогаш пренесоа српските медиуми, таа наводно го обвинила Тошиќ дека за време на семејниот ручек ѝ удрил шлаканица.

Фудбалерот, пак, негираше дека бил насилен.

– Почитувани следбеници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам да се обраќам во ваква прилика бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да бидат поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што го објавуваат повеќето медиуми и затоа сум принуден да се обратам на овој начин – напиша Тошиќ на Инстаграм неколку дена по инцидентот, жалејќи се дека е претставен како насилник, но во ниеден миг не ја спомна својата сопруга.

Според очевидци пред Првиот основен суд, Јелена на рочиштето се задржала кратко, околу 15 минути, а дошла заедно со нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....