9.8 C
Скопје
19:47 - 25 март, 2026

Прво појавување на Даниел Кајмакоски по хоророт што го доживеа од киднапирањето

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски доживеа вистинска драма во Белград, кога ноќта помеѓу саботата и неделата по настап во Бетон хала беше киднапиран, а подоцна пронајден врзан во автомобил од кој киднаперите побегнале.

Кајмакоски (43) синоќа првпат се појави во јавноста по ужасниот настан.

Кајмакоски синоќа настапил во истиот елитен ресторан, каде што бил киднапиран, и ја воодушевил публиката, која според неговото однесување никогаш не би претпоставила каков хорор доживеал пред неколку дена. Интересно е тоа што на официјалната веб-страница на клубот каде што настапувал, неговиот настап бил најавен само неколку часа претходно.

По стресната ситуација, Даниел се повлече од јавноста неколку дена за да ги надмине тешките моменти со своето семејство, а синоќа повторно застанал пред белградската публика и бил на висина на задачата.

Да потсетиме, полицијата сè уште трага по двајцата мажи што го киднапираа македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (43) рано наутро во неделата во Бетон хала во Белград. Киднаперите, врзаниот Кајмакоски, го возеле 63 километри со неговиот автомобил, бегајќи од полицијата. Кајмакоски бил врзан на задното седиште од неговото „волво“, а кога киднаперите се забиле во банкината кај Рума, полицијата го пронашла пејачот, пишува српски „Блиц“.

Истрагата сега е насочена во неколку насоки.

Слични објави

(Фото) Сите зборуваат за венчавка помеѓу Јелена Розга и нејзиното 10 години помладо момче: Таа ги спакувала куферите и заминала за Америка

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ мами погледи во минијатурно бикини: Водителката ужива на крстарење на Карибите

Еспресо

Каспер за љубовта со Мина Костиќ: „Научив да се борам за вистинските вредности“

Еспресо

Чолиќ по инцидентот се врати на сцената – Еве што прави музичката легенда периодов!

Еспресо

(Видео) Се налути Марјан Коцев: Ме викаат на свадби, а ми забрануваат да пеам мои песни

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо
Се вчитува....