11.8 C
Скопје
15:16 - 25 ноември, 2024

Проверете со едноставни тестови: Kоја е вистинската старост на вашето тело?

Биолошка старост – тоа е вистинската старост на човечкото тело. Ни покажува колку навистина сме стари. Нејзиниот часовник отчукува во нашите клетки, но не ги дефинира нашите податоци во личните документи. Понекогаш, биолошката старост на едно лице ја дава вистинската слика за неговата здравствена состојба. Човек од 30 години може да изгледа како „крнтија“, а, на 50 да биде со добро здравје и да има одличен капацитет за работа. Најдобар точен показател е биолошката старост.
Научниците докажале дека хронолошката старост наведена во нашите лични документи не одговара со бројот на годините колку што навистина ги имате, односно, на биолошката старост. Психолошки можете да бидете многу постари, или обратно – помлади. Сето тоа зависи од тоа како навистина се чувствувате, каков начин на живот водите. Секако, се поставува логично прашање – како да се пронајде точната формула за утврдување на нашата биолошка старост. Во медицинските извори се препорачува да се направат следните тестови со вршење на овие задачи:

1. Измерете го пулсот (отчукувањата на срцето). Потоа направете 30 клекнувања со брзо темпо. Измерете го пулсот повторно, па обрнете внимание на разликата. Запишете ја. Ако вашиот пулс се зголемил за:
0 -10 единици – имате 20 години
10 – 20 единици – имате 30 години
20 – 30 единици – имате 40 години
30 – 40 единици – имате 50 години

2. Тест за откривање на биолошката старост број 2

Цврсто стиснете ги палецот и показалецот од внатрешна страна на раката, кај зглобот каде што го мериме пулсот (над дланката), со други зборови – потребно е да се штипнете себеси 5 секунди. За точни резултати можете да користите стоперка. Потоа отпуштете ги прстите и утврдете за колку секунди бојата на кожата се вратила во првобитната состојба :
За 5 секунди – имате речиси 30 години
За 8 – околу 40 години
За 10 – околу 50 години
За 15 – имате близу 60 години

3. Следен тест за утврдување биолошка старост со малку гимнастика

Застанете исправено, свиткајте ги колената и навалете се нанапред. Пробајте со дланките да го допрете подот. Во принцип, ова и не е тешко. Ги проценуваме резултатите:
– Ако сте ги ставиле дланките целосно на подот – вашата биолошка возраст е 20-30 години
– Го допирате подот со прстите – имате 40 години
– Ги допирате потколениците – имате 50 години
– Ги допирате само колената – имате 60 години

4. Сега најтешката задача
Замижете, застанете на левата, па на десната нога. Можете да балансирате и со рацете, но не е дозволено да се држите за ништо. Обидете се да останете во таа положба. Некој од вашето семејство нека изброи колку секунди ќе останете во таа положба:
30 и повеќе – вашата биолошка старост е 20 години
20 секунди – 40 години
Помалку од 10 секунди – 60 и повеќе години
Ако не сте задоволни со резултатите – почнете конечно да се грижите за вашето здравје. Почнете барем со утринска гимнастика. По извесно време направете го тестот повторно. И тогаш можеби вашата физичка старост ќе ѝ го отстапи местото на биолошката.

Слични објави

(Фото) Прва фотографија од парфемот на Карлеуша: Името е особено симболично

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прекина концертот во Осиек и му се обрати на момче од публиката: „Дали си приморан да го правиш ова?!“

Еспресо

Конечно без кафеански маси и стомачен танц! Карлеуша се огласи за концертот на Тања Савиќ, колегите од „Гранд“ сè уште молчат

Еспресо

(Видео) Ќе ви разбуди носталгија: Елвир Мекиќ сними нова песна со Пајак и се врати на македонската сцена!

Еспресо

(Фото+видео) Што направила од себе! Линдзи Лохан дала 300.000 долари за промена на личниот опис

Еспресо

Почина словенечката манекенка Леа Плут на 38 години: Му беше девојка на Саша Капетановиќ

Еспресо
Се вчитува....