3.8 C
Скопје
23:15 - 20 декември, 2024

Проверете сами со неколку тестови: Која е вистинската старост на вашето тело?

Биолошка старост – тоа е вистинската старост на човечкото тело. Ни покажува колку навистина сме стари. Нејзиниот часовник отчукува во нашите клетки, но не ги дефинира нашите податоци во личните документи. Понекогаш, биолошката старост на едно лице ја дава вистинската слика за неговата здравствена состојба. Човек од 30 години може да изгледа како „крнтија“, а, на 50 да биде со добро здравје и да има одличен капацитет за работа. Најдобар точен показател е биолошката старост.

Научниците докажале дека хронолошката старост наведена во нашите лични документи не одговара со бројот на годините колку што навистина ги имате, односно, на биолошката старост. Психолошки можете да бидете многу постари, или обратно – помлади. Сето тоа зависи од тоа како навистина се чувствувате, каков начин на живот водите. Секако, се поставува логично прашање – како да се пронајде точната формула за утврдување на нашата биолошка старост. Во медицинските извори се препорачува да се направат следните тестови со вршење на овие задачи:

1. Измерете го пулсот (отчукувањата на срцето). Потоа направете 30 клекнувања со брзо темпо. Измерете го пулсот повторно, па обрнете внимание на разликата. Запишете ја. Ако вашиот пулс се зголемил за:
0 -10 единици – имате 20 години
10 – 20 единици – имате 30 години
20 – 30 единици – имате 40 години
30 – 40 единици – имате 50 години

2. Тест за откривање на биолошката старост број 2

Цврсто стиснете ги палецот и показалецот од внатрешна страна на раката, кај зглобот каде што го мериме пулсот (над дланката), со други зборови – потребно е да се штипнете себеси 5 секунди. За точни резултати можете да користите стоперка. Потоа отпуштете ги прстите и утврдете за колку секунди бојата на кожата се вратила во првобитната состојба :
За 5 секунди – имате речиси 30 години
За 8 – околу 40 години
За 10 – околу 50 години
За 15 – имате близу 60 години

3. Следен тест за утврдување биолошка старост со малку гимнастика

Застанете исправено, свиткајте ги колената и навалете се нанапред. Пробајте со дланките да го допрете подот. Во принцип, ова и не е тешко. Ги проценуваме резултатите:
– Ако сте ги ставиле дланките целосно на подот – вашата биолошка возраст е 20-30 години
– Го допирате подот со прстите – имате 40 години
– Ги допирате потколениците – имате 50 години
– Ги допирате само колената – имате 60 години

4. Сега најтешката задача

Замижете, застанете на левата, па на десната нога. Можете да балансирате и со рацете, но не е дозволено да се држите за ништо. Обидете се да останете во таа положба. Некој од вашето семејство нека изброи колку секунди ќе останете во таа положба:
30 и повеќе – вашата биолошка старост е 20 години
20 секунди – 40 години
Помалку од 10 секунди – 60 и повеќе години
Ако не сте задоволни со резултатите – почнете конечно да се грижите за вашето здравје. Почнете барем со утринска гимнастика. По извесно време направете го тестот повторно. И тогаш можеби вашата физичка старост ќе ѝ го отстапи местото на биолошката.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....