15.8 C
Скопје
15:23 - 31 март, 2025

Процесот Деп против Херд (и обратно) заврши, фановите во делириум – победникот веќе е избран

Судењето за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд заврши, утре ќе го чуеме гласот на поротата, а во меѓувреме – фановите даваат поддршки.

Џони Деп сега се смета за идниот победник на овој наизглед бесконечен судски процес. Конечните судски расправи завршија во петокот на 27 мај, адвокатите на најпознатиот актер во Холивуд и оние на Амбер Херд завршија со обраќање до поротата, заблагодарувајќи им се и нудејќи им резиме на најзначајните точки од оваа судска битка. Во очекување на пресудата, се чини дека сè оди добро за Џек Спероу.

Судењето за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд заврши. По 6 години судски битки, во следните денови ќе ја дознаеме пресудата, поточно – утре поротата треба да се изјасни кој е „победникот“. Поради написот на Херд во кој се претставува самата таа како жртва на семејно насилство во последниве години, Деп загуби многу филмски улоги, додека Херд доби улога во Аквамен и други важни договори, како оној со Л’Oреал.

Процесот беше неопходен за да се врати вистината и угледот на човек кој сега нема што друго да изгуби. За време на долгиот процес, се откри дека насилникот во врската била (и) Амбер Херд, а беа демонстрирани и низа понижувањата што всушност ги претрпел Џони Деп. Впрочем, се чини дека оваа судска постапка ја промени својата цел. Адвокатите на тужителот се обидоа да покажат колку неславните обвиненија што ги доби нивниот клиент треба да бидат упатени до г-ѓа Херд, а не до Деп. Меѓувремено, на Херд ѝ беше дијагностицирано хистрионско растројство на личноста, бордерлајн синдром.

И додека  Америка и светот ја чекаат пресудата, многумина веруваат дека, според досега виденото и слушнато во судницата, убедлива победа треба да има Џони Деп. Истото се гледа и според поддршката на Деп на сите социјални мрежи, каде фановите се во негова одбрана неспоредливо повеќе од оние кои навиваат за Херд. Накусо, се чини дека сè ова ја навестува убедливата победа на еден од најталентираните актери од неговата генерација. Во меѓувреме, сепак, Џони Деп изјави дека ниту за највисока сума нема да се врати да глуми во Пиратите од Карибите или да соработува со сите компании кои ги откажаа со него договорите во миговите кои беа тешки во неговиот живот.

(Фото) Изненадување: Џони Деп вчера настапи на концертот на Џеф Бек, публиката „спобудале“

Слични објави

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо
Се вчитува....