5.8 C
Скопје
17:51 - 18 декември, 2024

Пристигнаа првите резултати од обдукцијата на Метју Пери: Откриено дали актерот консумирал тешки наркотици

Првите резултати од токсиколошката анализа покажаа на кои супстанции е негативен актерот Метју Пери, кој почина на 28 октомври во Лос Анџелес, на 54-годишна возраст.

Познатиот актер се појавил 24 часа пред трагедијата во хотел на Беверли Хилс, изгледал расположено, а ден подоцна беше пронајден мртов во џакузи на неговиот имот.

Новите детали чекор по чекор ја комплетираат сликата за трагичниот настан.

Смртта на Метју Пери не е последица на предозирање со фентанил или метамфетамин, покажуваат првичните тестови. Анализата открила дека актерот во своето тело немал мет или фентанил, моќна опиоидна супстанција. Се прават дополнителни тестови како дел од токсиколошката анализа за да се утврди дали во неговата крв имало некои други нелегални лекови, односно дали имало штетни дози на лекови што се издаваат на рецепт.

Фактот дека првичната анализа не покажала предозирање со метамфетамин или фентанил, кој е водечки убиец во епидемијата на опиоиди во САД, е во согласност со она што луѓето блиски до Метју Пери го рекле дека тој бил трезен и никогаш посреќен, пишува американскиот портал ТМЗ.

Најпрво се предвидуваше дека резултатите ќе се чекаат најмалку шест недели, а сега се споменува период од четири до шест месеци пред да биде објавена официјалната причина за смртта на актерот.

Сите лекови пронајдени во домот на Метју Пери тој кобен ден му биле препишани на актерот за различни заболувања, од депресија до анксиозност и биле пронајдени во соодветното пакување. Доколку токсиколошките тестови покажат нешто сомнително, Одделението за убиства и грабежи на полицијата во Лос Анџелес, кое го води случајот, ќе ја продолжи истрагата.

Сè засега укажува дека Метју Пери се удавил во џакузи, поради срцев удар, но по конечните анализи ќе се види дали ќе останат на тој заклучок.

 

 

Слични објави

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....