05:47 - 12 март, 2026

Принцот Хари дознал за смртта на Елизабета Втора од Интернет

меган маркл, принц хари

Принцот Хари немал време да се прости од својата баба Елизабета Втора и дознал за нејзината смрт од објави на социјалните мрежи, пишува „пејџ сикс“, повикувајќи се на бројни извори блиски до Бакингемската палата.

Според упатените, принцот Хари бил повикан на шкотскиот имот Балморал од Чарлс III утрото на 8 септември. Кога војводата од Сасекс слетал на аеродромот во близина на Единбург, од Интернет дознал дека неговата баба починала.

Ниту еден од членовите на кралското семејство не му телефонирале на Хари за да го известат за смртта на кралицата.

Принцот Хари пристигна во Балморал неколку часа по нејзината смрт.

Кралицата Елизабета Втора беше погребана во капелата Свети Џорџ на 19 септември. На погребната церемонија присуствуваа и принцот Хари со Меган Маркл, како и неговиот брат, принцот Вилијам од Велс со принцезата Кејт Мидлтон.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....