2.8 C
Скопје
00:08 - 12 март, 2026

ПРЕВКУСНИ италијански панцероти: Теа ни носи рецепт што мора да се проба!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа ни зготви превкусни панцероти. 

– Не знам дали знаете дека во Милано постои пекара во која се прават највкусните панцероти и за нив се чека огромна редица за да си купите – раскажува Теа и ни открива рецепт за превкусни италијански панцероти кои мора да ги пробате!
– Јас ги обожавам со кечап, моцарела и босилек, додава Теа.
фото – фејсбук, готвиме со Теа
Потребни состојки:
▪️700 гр. брашно
▪️350 – 400мл. млеко
▪️1 квасец
▪️1 јајце
▪️1 лажичка сол
▪️1/2 лажичка шеќер
▪️60 гр. путер или маргарин
▪️мастраф по желба (кечап, кашкавал, шунка, печурки, босилек, оригано итн.)

Начин на подготовка:

Во малку млако млеко се става квасецот заедно со шеќерот да се растопат и се остава 10 минути да стаса.
Во длабок сад се става брашното и се меша со солта. Постепено се додава стасаниот квасец, останатото млеко, јајцето и растопениот путер. Се замесува средно меко тесто и се остава да стасува покриено со крпа 20 минути. По 20 минути тестото се размесува и се остава да стасува уште 20 минути.
Од тестото се расукуваат две кори од по 5 мм. Од ова тесто се сечат кругови големина на тацна, во средината се става мастраф по желба и со помош на калап се прават панцеротите.
Вака подготвените панцероти се редат на рамна подлога и потоа се пржат во поголема количина загреано масло.
Добар апетит!

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....