3.8 C
Скопје
20:01 - 20 декември, 2024

Премиерот на Јамајка до Вилијам и Кејт: „САКАМЕ ДА СТАНЕМЕ РЕПУБЛИКА“

Премиерот Ендрју Холнес со војводата од Кембриџ беше љубезен, но јасен: „Среќни сме што ве имаме овде, но повеќе не ја сакаме кралицата за шеф на државата“. Настан кој можеше да се предвиди, со оглед на протестите во последните денови против колонијализмот и круната, која е пред губење на уште еден скапоцен камен на Карибите.

Кралската турнеја на Карибите на Вилијам и Кејт Мидлтон, официјално организирана за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата, всушност е родена за зајакнување на односите со поранешните британски колонии. Војводите имаа мисија: да ги убедат Белизе, Јамајка и Бахамите да не го следат Барбадос на патот на независноста, кој во октомври 2021 година, по референдумот со кој беше укината монархијата, стана република и ја замени Елизабета II како шеф на државата, со претседател (Сандра Мејсон).

Дека тоа е „невозможна мисија“ се сфати веднаш. Уште пред да пристигнат војводите на Карибите, едно село во Белизе протестираше против „колонизаторите“, принудувајќи ги Вилијам и Кејт да ја откажат посетата на плантажата со какао. Уште полошо ги снајде во Јамајка. Во пресрет на пристигнувањето на војводата од Кембриџ, група интелектуалци и политичари напишаа отворено писмо во кое побараа од монархијата да ги исправи (не само со зборови) злосторствата на колонијализмот. „Принцезите и принцовите припаѓаат на бајките, а не на Јамајка“, пишувало во писмото во кое Кејт и Вилијам се обвинети, иако индиректно, дека се одговорни за злосторствата на нивните предци, бидејќи денес имаат корист од она што тие предци го граделе.

Сега пак, Вилијам и Кејт беа примени од премиерот на Јамајка Ендрју Холнес и неговата сопруга Џулиет. Срдечна средба, се одвиваше формално, во стилот: „Многу, многу сме среќни што ве имаме овде и се надеваме дека добивте топло добредојде од нашиот народ“. Во суштина, добредојде до нејзиното височество: „Јамајка е земја горда на својата историја, на она што го постигнавме. Сега имаме намера целосно да ги реализираме нашите амбиции: сакаме да станеме целосно независна земја“.

Јамајка е независна од 6 август 1962 година, кога одлучи да стави крај на 500 години колонијално наследство. Оттогаш е дел од Комонвелтот, организацијата која ги обединува поранешните колонии на Лондон, а нејзин шеф на државата е кралицата. Но, сега по примерот на Барбадос,и Јамајка сака да одржи референдум за укинување на монархијата. И има за цел да стане република во рок од две години.

За Вилијам и Кејт тоа секако не беше шок. Четириесет и девет годишниот Холнес, избран во 2016 година, вети дека ќе ја трансформира Јамајка во Република уште во времето на неговата изборна кампања. Кралицата Елизабета, очигледно, ќе изгуби уште еден од нејзиниот карипски накит: пред Барбадос, Гвајана веќе стана република во 1970 година, по што следеа Тринидад и Тобаго во 1976 година и Доминика во 1978 година. Нејзиното височество и понатаму останува на чело на државата на десетина поранешни британски колонии. Но, сега се поставува прашањето дали и другите земји, по Барбадос и Јамајка, сакаат да ја заменат кралицата со претседател. Многу набљудувачи сметаат дека промената е неизбежна во следните неколку години, кога Чарлс, многу помалку сакан во Комонвелтот, отколку неговата мајка, ќе се качи на тронот.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....