04:01 - 12 март, 2026

Пред Велигден со Сузана Прендиќ, иконосликар: ИКОНАТА Е ПАТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛЕДИ

Да се биде сликар на икони значи да се сведочи Христовото учење, да се материјализира невидливото во видливо, да се трансформира житието во слика.

Треба трпение, навистина, а мене иконописот ми помогна во духовното растење, ФОТО – приватна архива

Со Сузана Прендиќ, ликовен уметник и иконописец, зборуваме за изработката на икони и каде е нивното место во домот, но и ве едуцираме за заборавените христијански, а пред сè човечки вредности.

– Долги години како ликовен уметник работев современа уметност, но со моето воцрковување пред 8, 9 години најпрво се запознав со православието и со убавината на нашата вера. Потоа почнав да ги анализирам иконите во храмовите и во мене се роди голема љубов, со запознавањето на бога, а потоа и неговите слики, иконите. Сè тоа кај мене поттикна љубопитност за да се доближувам сè повеќе до него, за да го запознавам и да ги цртам иконите како што треба канонски.

Покрај физичкиот изглед, иконата ја прикажува и нејзината духовна состојба. Иконописот и духовноста одат едно со друго, бидејќи едното без другото не може.

– Физичкиот дел, не би рекла дека е пресуден, но духовно мора човек да биде подготвен, убаво е да знаеш што црташ. Најнапред го проучувам житието, ако го немам цртано тој светец, имам таков благослов, се причестувам пред цртањето на иконата, но пред причеста, се исповедам кај својот духовен отец. Со самото чистење на нашата душа, следува и плодот, се гледа иконата. Треба трпение, навистина, а мене иконописот ми помогна во духовното растење – вели Сузана.

Иконографијата е многу стара, но техниките и каноните не се смениле низ вековите. Многумина мислат дека е доволно да знаеш да држиш четка во рака и земаш да црташ икони.

– Се изработуваат на дрвена подлога, важно е да е што поквалитетна подлогата зашто иконата треба да остане со векови сочувана, може да е липово дрво, во поново време и медијапан. Се користат златни листови, се изработува во јајчена или акрилна техника. Самата икона подложи на многу слоеви, се започнува со темните кон посветлите тонови, што е едно раѓање на ликот на светецот, а со тоа и посебно чувство на возбуда се раѓа кај мене, како иконописец – ни открива Сузана.

Иконата ве потсетува секојдневно на христијанскиот морал и етика, ви напоменува дека треба да се молите и дека најважните нешта во животот се во божји раце.

– Иконите секогаш се ставаат на источната страна, застануваме да се молиме кон исток, затоа што второто Христово доаѓање ќе биде од исток. Кога се молиме не се молиме на иконата, туку на светецот и на бога. Исто така, иконата треба да биде осветена во црква. Важно е во домот да има барем една икона и важно е луѓето да се молат зашто молитвата е разговор со бога – објаснува сликарката.

Иконата е истовремено и пат што треба да се следи, и присуство на „одондестраното„, спасеното, и средство. Таа самата е молитва. Причината за постоењето на светата уметност во православието е токму во тоа да донесе видливо сведоштво за двете стварности, обединувајќи ги во себе – историската стварност и стварноста на царството небесно, реалноста на создаденото и благодетта на светиот дух.

Иконата е живо сведоштво за исходот и полноста на учеството на човекот во божествениот живот.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....