11.8 C
Скопје
20:14 - 22 март, 2026

ПРАЗНИЧЕН РЕЦЕПТ СО ПИЛЕШКО, ПОРТОКАЛ И ЦИМЕТ: Миризливо мени од кујната на Теа

Оваа извонредна „мајсторка“ и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти што ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“.

– Комбинацијата на портокал и цимет секогаш ме потсетува на зима и греено вино. Но, овој пат решив да експериментирам со вкусовите во кујна и да подготвам еден празничен рецепт со пилешко, портокал и цимет.

Иако можеби ви звучи чудно, вкусот е неверојатен и нема да згрешите доколку го спремите за вашата празнична трпеза – ни порачува Теа.

Потребни состојки:

1 кг копан со надкопан

сок од 1 портокал

кора од 1 портокал

30 мл јаболков оцет

2 лажици кафеав шеќер

1 лажица сенф

1 лажица маслиново масло

1/2 лажичка цимет

1 лажица мешан сув зачин

1 лажичка рендан ѓумбир

2 ѕвезди анасон

1 лажичка сол

1/2 лажичка бибер

Начин на подготовка:

Во длабок сад измешајте ги сите зачини, шеќерот, ѓумбирот, анасонот, сенфот, јаболковиот оцет, кората и сокот од портокал. Копанчињата одвојте ги од надкопаните и ставете ги во кесичка за печење. Во кесичката истурете ја претходно подготвената маринада и заврзете ја кесичката. Убаво измешајте за да се распореди маринадата низ сите копанчиња и надкопанчиња. Ставете ја кесичката во фрижидер и оставете ја да отстои најмалку 3 часа, а најдобро е да стои 24 часа.

фото фејсбук
фото фејсбук

Потоа печете ги во загреана рерна на 220 степени 30 минути. По 30 минути извадете ги од рерна, премачкајте ги со сосот од тавчето во кое се печат и вратете ги уште 20 минути. Потоа повторно премачкајте ги со сосот од тавчето и вратете ги уште 10 минути.

На здравје и уживајте во празничниот вкус!

фото фејсбук

Слични објави

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....